Англиските возачи би можеле двојно да плаќаат за паркирање на автомобилите кои високо загадуваат, откако советот на Ламбет во Лондон е најновата област која ги поврзува таксите за паркирање со емисиите на автомобилот. Се чини дека идејата наскоро би можела да се примени низ поголемиот дел од земјата.
Наместо едно фиксно плаќање за час паркирање, возачите во Ламбет сега се соочуваат со 26 различни давачки, а стапките се разликуваат во зависност од тоа колку CO2 произведува возилото и дали работи на дизел (што носи доплата), бензин или електрична енергија.
Новиот тарифен систем значи дека возачот во навистина зелен автомобил може да плати само 6,30 фунти (8,08 долари) за паркирање на еден час во близина на станицата Ватерло, пишува The Observer, но секој што ќе се има повисоки вредности на загадување ќе биде „одран“ со 13,23 фунти.
Очекувано, новата структура на такси го подели мислењето во областа. Возачите на електрични автомобили разбирливо ја поддржуваат идејата и затоа што финансиски добро излегуваат според новата шема, и затоа што веруваат дека тоа ќе го намали бројот на „валкани“ автомобили во Ламбет.
Некои сметаат дека шемата ќе ги казни обичните возачи кои не можат да си дозволат да имаат „позелен автомобил“ и дека тоа не е поддржано со подобрувања во инфраструктурата на јавниот транспорт.
Ламбет сега е еден од осумте лондонски совети кои наплаќаат такси за паркирање според излезот на CO2 на автомобилот. И други региони далеку од Лондон, вклучувајќи ги Бат и Северен Сомерсет во југозападниот дел на Англија, исто така се заинтересирани за воведување слични шеми, кои се овозможени со модерната технологија за апликации за паркирање.
Компаниите како што се Ringo и PayByPhone што ги користат овие апликации можат да ги вкрстат деталите за регистрација на автомобилот со излезот на CO2 и соодветно да ја приспособат таксата за паркирање.