Двоен триумф на Малинковски на Монца – повторно лидер во Twingo Cup (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Давид Мaлинковски со „двојна победа“ го заврши тркачкиот викенд на Монца од Twingo Cup. Со новите 20 бодови Малинковски сега е лидер во првенството на Македонија на две трки до крај на третата сезона од Twingo Cup. На двете трки на Монца поради излетувања и инциденти трипати мораше да излегува безбедносното возило. Првата трка заврши со возење на безбедносното возило низ целта, а на второт неколку кругови истото беше на патеката додека истата се расчисти.

Вкупно 35 возила се појавија на Монца, и покрај за првенството на Twingo Cup истото се бодуваше и за првенството на Македонија. Настапија возачи од Словенија, Македонија, Србија, Австрија и од Италија.

Покрај Малинковски кој двапати се искачи на врвот на пиедесталот, единствено уште Зоран Мираковски двапати беше на пиедесталот. На првата трка тој го освои второто место, а на втората беше третопласиран. Со бодовите освоени на Монца сега Мираковски е на третото место во генерален пласман со 73 бода.

Марко Блажевски кој пред Монца беше лидер и имаше предност од десет бода во однос на Малинковски, имаше убава шанса на втората трка да освои максимални бодови, па дури и да се замеша за пиедесталот, но во моменти кога беше петтопласиран самиот излета и падна на дното, по што беше тешко да се врати меѓу најдобрите. Заврши на петтотоместо и сега има 95 бода и е втор во генерален пласман, односно десет помалку од Малинковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24auto.mk (@24auto.mk)

Одлично профитираше од Монца и Ангелче Стојковски кој „заработи“ вкупно 25 бода на двете трки и се искачи на четвртото место во генерален пласман. Тој на првета трка беше четвропласиран, а на втората беше втор.

Монца ќе остане во сеќавање и за Бојан Птерушевски кој првпат седна зад управувач на Twingo на трка од Twingo Cup. Откако во слободните квалификации беше одличен на петтото место, на квалификациите беше 11. на првата трка имаше пех и не освои бодови. Но, на втората заврши како четвртопласиран и ги освои првите 10 бода сезонава.

За малите возила Twingo патеката на Монца беше вистински предизвик. Особено неизвесна беше првата трка која беше последна на програмата. Но, поради претходните доцнења и таа почна подоцна од предвиденото. Брзо се стемни на патеката, па поради намалената видливост имаше излетувања и инциденти. Меѓу оние што завршија во песокта беа и Слободан Трајковски кој се изврте, но за среќа беше никакви последици, а дебитантот Бојан Петрушевски кој извозе одлични квалификации исто така беше вклучен во инцидент и му беше уништен предниот дел, па не ја заврши трката исто како и Борис Стојменов. Во таков однос на силите најсреќен беше Давид Малинковски кој победи пред Зоран Мираковски, и пред Марко Блажевски.

На втората трка на самиот старт Марко Блажевски успеа да „скокне“ десет мета и од 18 да стигне до 8 место. Се бореше во група заедно со Стефанчиќ, Јеловиќ и Глазер и во вториот круг и нив ги престигна одеднаш и се искачи на 5 место со можност да се вклучи и во борба за повиоск пласман.

Twingo Cup Monza 2022

Монца повторно се покажа како брза писта каде и најмал инцидент може многу да одземе од стекнатото, и токму Блажевски излета на еден свиок по кој падна дури на 26 место. Во меѓувреме и безбедносното возило влезе на патеката откако Јака Штуфлек излета, па неколку круга се возеше зад безбедносното возило.

Давид Малинковски ги избегна незгодните ситуации и продолжи како петтопласиран, а во целта милиметри решаваа дали тој или Лука Глазер е подобар. Словенецот за 0,018 секудни побрзо влезе низ целта.

Мурис Хамзиќ кој возеше само на првата трка во Унгарија, сега на двете трки освои бодови, вкупно 15 со што собра 23 во генерален пласман.

Генерален пласман на возачи во Twingo Cup по трките на Монца.
1. Давид Малинковски 105 бода,
2. Марко Блажевски 95
3. Зоран Мираковски 73
4. Ангелче Стојковски 64
5. Владимир Тренески 61
6. Слободан Трајковски 46
7. Борис Стојменов 23
8. Мурис Хамзиќ 23
9. Ненад Костовски 12
10. Бојан Костовски 10
11. Бојан Петрушевски 10

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK