Безбедноста секогаш е еден од врвните приоритети на автомобилските производители. И тие информации се често „најфалени“, покрај оние за економичноста. Но, за некои производители проблем е да стигнат и до „просечни“ оцени од познатите краш тестови.
Во Европа познат е EuroNCAP тестирањето, а еден од попочитуваните безбедносни тестови е оној што го спроведе ANCAP (Австралазиска програма за оценка на нови автомобили), а два модели успеаја да добијат – верувале или не – нула ѕвезди.
Тоа се моделите MG 5 и Mahindra Scorpio, а двата автомобили беа критикувани за „фундаментални пропусти кога станува збор за имплементацијата на безбедносните карактеристики што многу производители ги имаат со години“.
Така, на пример, MG 5 доби многу лоши оценки кога станува збор за проценка на ризикот за градите и нозете на совозачот при фронтален судир, прилагодување на ременот и поради тоа што нема централно воздушно перниче.
Ниту Mahindra Scorpio не помина многу подобро и се вели дека нуди лоша заштита за возрасните патници без разлика дали ќе бидат погодени од напред, од страна или одзади.
Во прилог се двете видеа објавени од ANCAP за двата модели