Долгорочната стратегија на BMW не е поврзана со Формула 1

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот автомобилски производител последен пат беше дел од Формула 1 во периодот од 2000 до 2009 година, кога поради глобалната финасиска криза реши да се повлече. Иако со превземањето на Ф1 од страна на американската компанија Liberty Media многумина сметаат дека ќе се создадат услови за враќање на некои стари конструктори, тоа засега не е во плановите на BMW.

ФИА веќе размислува за нови правила после 2020 година и сака да врати некои од старите тимови, па и ќе огранизира разговори за да ги чуе сите размислувања околу правилата.

BMW нема план да се враќа, исто како и американски Ford чиј менаџмент уште пред еден месец тоа го објави, пред се поради големите трошоци во оваа програма.
Германците во моментов се дел од ДТM и ГТ трките, и планираат враќање на „24 часа Леман“ во ГТЕ категоријата во 2018 година.
Тие се исто така технички партнер во тимот на Andreti во Formula E, и размислуваат за целосно влегување во оваа тркачка категорија од сезоната 2018/2019.

Германците првпат влегоа во Ф1 во 1982 година на снабдувач на екипата на Brabham и му беа помош на Нелсон Пике да стана светски првак следната година. Потоа заминаа во 1987 година за повторно да се вратат во 2000 година, како снабдувач на мотори на Williams, па заедно победија на 10 трки и освоија 17 пол позиции. Во 2005 година го купија тимот на Sauber И го ребрендираа следната година, а во 2006 година Роберт Кубица победи на трката вбо Канада.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK