Доколку акумулаторот ви откажува, можеби не треба да барате нов!

ОБЈАВЕНО НА:

Многу се нервираат возачите кога автомобилот нема да пали, тешко пали.. Уште пострашно е ако понекогаш пали, а понекогаш не. Тоа е знак дека акумулаторот е празен. Особено пред почетокот на есента и зимата препорачливо е се провери акумулаторот со цел да се намалат можните проблеми.

Но, новиот акумулатор не би смеел да се купува и да се вградува пред да се провери исправноста на електричниот систем и инсталацијата на автомобилот. Во спротивно доколку има проблем во електричниот систем кој предизвика откажување на акумулаторот и може да се случи ннабрзо да откаже и новиот акумулатор.

Значи, пред купувањето на акумулатор треба да се провери следното:

Исправност на алтернаторот
За да може акумулаторот добро да полни, напонот на алтернаторот во подрачјето на средни вртежи на моторот треба да биде од 14,2 до 14,5 V. Доколку напонот за полнење е надвор од овој напонски интервал, проблемот е во регулаторот на напон и/или исправноста на алтернаторот. Алтернаторот кај стариот автомобил односно оние со повеќе поминати километри се препорачува да се сервисира и превентивно после сервисот ќе се создава помалку механички отпор и се произведува повеќе електрична енергија.

Потрошувачка на електрична енергија во мирување
Кога електронскиот модул е вклучен во програмата „спиење“ за одржување на потребните функции, како што е електронската блокада на палење, силината на струјата не смее да поминува 5 mA.

Доколку силината на струјата во мирување е поголема, проблемот е во модулот или во инсталацијата. Во првиот случај потребно е да се репрограмира системот, а во вториот да се поправи електричната инсталација на место каде што струјата „прескокнува“.

Исправност на алансерот
Како и кај алтернаторот, кај старите автомобили и со доста километри, алансерот е препорачливо да се сервисира и превентивно. Откако ќе го поправите, проверете го нивото на електролити во акумулаторот и по потреба досипете дестилирана вода. Потоа наполнете го со надворешен полнач. Можеби ќе го спасите, но неговиот живот сигурно е многу намален.

Инаку, акумулаторите можат да откажат поради:

– неисправност/потрошеност

– дефект на регулаторот на напон

– дефект/истрошеност на алтернаторот (создава голем отпор, произведува премалку напон)

– дефект/потрошеност на алансерот (создава голем отпор, троши премногу струја)

– пад на напонот во далноводот

– неисправност на електричните конектори и контакти

– извлекување на струјата од акумулатор додека возилото е во мирување (неисправност во електричните и електронските системи).

Важно е со наведениот редослед да се провери електричниот систем, и по потреба неисправни/дотраени да се поправат или изменат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK