Додека сите продаваат – Volkswagen ќе купува рент-а-кар компанија

ОБЈАВЕНО НА:

Додека останатите производители на автомобили се наоѓаат во финансиски проблеми предизвикани од коронавирусот, Volkswagen и натаму продолжува да инвестира.

Откако купи значителен удел во неколку кинески join-venture компании, а исто така го најави и целосното купување на Audi, сега Volkswagen е во преговори за откуп на рент-а-кар компанија.

Станува збор за францускиот гигант Europcar. Ова практично значи дека Volkswagen ќе ја купува компанијата која ја поседуваше и во минатото, но ја продаде во 2006 година на Eurazeo.

Засега не се открива цената која е цел на преговори. Europcar според последните финансиски извештаи има пазарна капитализација од 390 милиони евра. Оттука се очекува цената да се движи од 350 до 450 мииони евра.

Доколку Volkswagen ја купи компанијата по таа цена тогаш тоа ќе биде одличен дил, особено ако се знае фактот дека истата, Volkswagen в 2006 година ја продаде за 3,3 милијарди евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK