Додека се поскапува: Tesla пак ги намалува цените на возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Додека сите авто производители ги зголемуваат цените на своите возила, и тоа речиси со секоја следна пратка, од Tesla доаѓаат поинакви вести. По петти пат од почетокот на 2023 година, Tesla ги промени цените на сите свои автомобили во САД.

Попустите варираат во зависност од моделот и конфигурацијата што ја нарачуваат клиентите, но најпродаваниот Model Y сега започнува од 51.630 долари. Покрај оваа верзија, достапни се и верзиите Long Range и Performance, кои исто така добија намалување од 2 илјади долари со цени од 54.630 долари и 58.630 долари.

Моделот 3, од друга страна, сега започнува од 43.630 долари за основен модел со погон на задните тркала. Попустот од 1.000 долари го добива и Performance, кој веќе започнува од 54.630 долари.

Поголемите Model S и Model X сега се за цели 5.000 долари поевтини од претходно, со цени кои започнуваат од 86.330 долари за основниот Model S и 96.630 долари за основниот Model X.

Ова е уште едно намалување на цената на Tesla од почетокот на годината, но е далеку од најголемото. Во јануари американскиот производител намали некои модификации и до 20%. Во моментов мерката со намалени цени се нуди само за американскиот пазар, без јасни информации што ќе се случува во Европа и дали и овде ќе се намалат идентичните модели.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK