И официјално, Велика Британија ги призна македонските возачки дозволи. Оваа вест ја обелодени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.
“Со задоволство можам да ве известам дека Обединетото Кралство, врз основа на билатералена соработка, ги призна македонските возачки дозволи, а нашите државјани кои престојуваат на територијата на Англија, Велс и Шкотска од 20 мај ќе можат да поднесат барање за замена на дозволите.” напиша Спасовски на Фејсбук.
Признавањет произлегува од потпишаниот билатерален договор помеѓу министерстватa на двете земји. Наскоро се очекува и Северна Ирска да го ратификува овој договор, а досега, покрај Велика Британија, возачките дозволи издадени од македонското МВР се признаени уште и во Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Косово, Србија, Црна Гора и Шпанија.