Генијално промотивно видео во последните денови кружи на интернет, а главен лик се татко и неговиот син. Како на едноставен начин може да се дојде до ефектен и маркетиншки упадлив материјал. Тоа е интересно прашање за персоналот на Audi, кој на еден многу интересен начин успеа да се пресмета со својот вечен конкурент од Штутгарт.
Главнаа улога ја имаат татко и неговиот наследник, мал син. Главната грижа на таткото била да го научи својот син на првиот збор кој нема да биде „тато“ туку автомобил (алудирајќи притоа на Mercedes-Benz)!
Колку и да се трудел, не успевал. Така било сè додека на улица не се појавил новиот Audi A6 Avant… Малиот јуниор, на неверување на таткото, како од топ извикува „Аudi“!
Погледнете ја рекламата.