Доаѓаат два нови Hyundai Ioniq модели

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai поентираше со моделот Ioniq 5 кој го претстави на 23 февруари годинава. За кратко овој електричен компактен кросовер добри бројни награди за дизајн, а веднаш по влегувањето во производство, во март годинава во Улсан, овој автомобил го нарачаа илјадници купувачи.

Поттикнати од овој успех, јужнокорејскиот производител најави уште два нови Ioniq модели кои ќе се темелат на E-GMP модуларната платформа.

Веќе следната година ќе биде претставен Ioniq 6 кој претставува седански модел кој ќе го има дизајнот на Ioniq 5. Најмоќната верзија на Ioniq 6 ќе располага со електрични мотори чија максимална моќност изнесува 301 КС и 605 Nm обртни моменти.

Ioniq 7 ќе дојде во текот на 2024 година. Претставува кросовер кој е со далеку поголеми димензии од Ioniq 5. Техничките карактеристики не се познати, но се знае дека ќе биде најнапредното електрично возило на јужнокорејскиот производител кој доаѓа како конкурент на моделот X на Tesla.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK