Од вечерва на полноќ дел од горивата ќе се продаваат по намалени цени, а најмногу ќе поевтини дизелот одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, од полноќ цената дизелот се намалува за 2,5 денари за литар, додека цените на бензините остануваат исти и нема да се менуваат.
Па така, литар дизел од полноќ ќе чини 82 денари, бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 84 денари за литар, а литар бензин еуросупер БС-98 ќе чини 86 денари.