Дизелот доминира кај новите комби возила и во 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Податоците на Асоцијацијата на автомобилските производители во Европа (ACEA) за изминатата календарска година покажуваат дека дизелот продолжува да биде доминирачки избор во бизнисот со новите комби возила.

Според резултатите на ACEA, во 2020 година новите дизел комби генерираат 92,4% од сите регистрации во Европа, додека оние со целосно електричен погон го зголемуваат минималното учество на пазарот од 1,3% до 2%, а оние со хибридни погонски системи формираат едвај 0,9% од бизнисот.

Доминирачка позиција на новите дизел комби доаѓа во позадина на општиот пад во регистрациите од 17,2% до 1,3 милиони единици, но и во позадина на зголемувањето на пазадниот удел од 91,7% до 92,4%.

Новите регистрации на бензиновите комби во 2020 година се намалени речиси за двојно, достигнувајќи ниво од едвај 49.056 единици. Во регистрациите на комби со целосно електричен погон се набљудува раст од 26,2% до 28.597 единици, а најголемата побарувачка е забележана во Франција (9.209 единици) и Германија (8.830 единици).

Иако со најслабо пазарно присуство, комби возилата со хибриден погон отчитуваат раст од 175% кај регистрациите во 2020 година, кои се на ниво од 12.698 единици. Во исто време, кај комби возилата што користат алтернативни горива се набљудува пад од 29,5% до 19.346 единици.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK