Дивееше со Ferrari во центарот на градот – полицијата му ја одзеде возачката дозвола, а може и автомобилот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Медиумите од Австралија објавија видео од настан кој се случил во центарот на Сиднеј, а во кој главната улога ја имаше сопственик на Ferrari автомобил. Настанот се случил за време на одредени рестриктивни мерки кои важат во овој град, а се однесуваат на спречување на ширењето на КОВИД-19 пандемијата.

На видеото кое е прикажано и во продолжение, се гледа како возачот на суперспортскиот автомобил ја блокира средишнината на раскрсницата при што дрифта.

Веднаш по настанот локалната полиција успеала да го лоцира сторителот па е повикан на полициски разговор. Одземена му е возачката дозвола, а во понатамошната истрага не се исклучува можноста да му биде одземен и автомобилот, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK