Дитер Цече со селфи ја најави новата Mercedes A class

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes Benz открива нови начини и методи на најава за новиот модел A-class и тоа преку објавување на фотографии на Linkedin бизнис платформата. Претседателот на Dimler, Дитер Цече направи селфи со новиот камуфлиран модел во позадина, објаснувајќи ја новата A-class како „специјална“ и дека отстранувањето на маската и камуфлажата ќе дојде следната година. Овие фотографии доаѓаат од последните тестирања на новиот модел а на истото тестирање имаше и други возила, вклучувајќи ја и следната CLS class.

Цече потврди дека Mercedes планира да го прошири семејството н акомпактни модели со осум нови членови – вклучувајќи ја и A-class седан, и ќе вклучува повеќе напредни системи со кои ќе сго отвори патот кон иднината на автономното возење.

Новата A-class се тестира и во еден од најнапредните воздушни тунели каде се симулираат температури од – 40 до + 60 степени, и брзина на ветер од 265 км/ч. Лоциран во близина на Штутгарт, овој тунел може да создаде и тропски дожд и снежни бури за да се осигура дека возилото тестирано тука ќе може да одговори на сите предизвици како глобален производ.

Папарацо фотографиите покажуваат дека новиот модел иако е камуфлиран покажува дека возилото ќе биде подолго и пошироко во однос на сегашниот модел, а тоа треба да донесе и повеќе простор во внатрешноста. Она што овој модел има две издувни цевки укажуваат дека можеби Mercedes тестира поспортски модел на нивниот хечбек со пет врати, а тоа може да биде верзија што би бил апозиционирана меѓу А250 и најсилниот модел А45.

Четвртата генерација на A-class ќе го надополни семејството на компакти, и ќе се појави во 2018 година, а неколкуте други модели пристигнуваат во следните години, каде најверојатно ќе го видиме и GLB, односно „мини G-Class“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK