Директорот на Renault потврди: Електричните возила се иднината

ОБЈАВЕНО НА:

Извршниот директор на Renault, Лука де Мео, се осврна на иднината на автомобилската индустрија и рече дека моторите со внатрешно согорување полека стануваат историја.

На настанот организиран од списанието Политико во Германија, Де Мео рече дека производителите на автомобили веќе одговориле на плановите на ЕУ да воведе политика за нулта емисија на штетни гасови за автомобили и комбиња од 2035 година.

„Не мислам дека некој што развива целосно нов мотор во Европа, развива мотор со внатрешно согорување. Сите пари одат во електричната или водородната технологија“, рече директорот на Renault.

Наместо правењ на мотор со внатрешно согорување, Де Мео нагласува дека клучна цел е да се стигне до Кина, која, како што истакнува, е една деценија пред сите останати кога станува збор за технологијата за батерии на електрични возила.

„Електричните возила се на пат да станат доминантно пазарно решение за предизвикот со нулта емисија. Трендот на оддалечување од моторите со внатрешно согорување е неповратен бидејќи добавувачите со десетици илјади вработени низ Европа се оддалечуваат од нив. Ќе видите дека тој бран доаѓа “, рече Де Мео.

Додека некои производители на автомобили, вклучително и Renault, првично сакаа да го повлечат датумот од 2035 година за производство на автомобили со внатрешно согорување, повеќето веќе објавија планови да се префрлат на целосно електрични продажби во Европа до 2030 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK