Откако пред една недела ФБИ уапси високо раководно лице од Volkswagen во САД поврзан со мамењето во однос на испуштањето на штетните гасови од дизелските автомобили, сега на мета се и други високо позиционирани директори во германската компанија.
И ФБИ сигурно ќе уапси уште директори доколку можат. Петмина директори од VW се приморани засега да останат во Германија, или ќе се соочат со затвор во САД.
Според договорот на германскиот производител и Министерството за правда на САД, за да се избегне судење VW ја признава вината и се согласува да плати казна, судот во Мичиген се подготвува за пет нови обвиненија за скандалот. Меѓу обвинетите се наоѓаат шефот на инженерите, Хајнд Јакоб Нојсер, потоа Ричард Доренкамп, Бернд Готвајс, Јирген Петер и Јенс Хадлер, сите на високи позиции во компанијата.
Според пишувањето на новинарите на Блумберг, дури и да бара САД помош од Интерпол за приведување на тие лице, во Германија тоа нема да се случи бидејќи тие не дозволуваат екстрадиција на нивни граѓани во вакви случаи. И во еден сличен случај на поткупување каде бил вмешан електронскиот гигант Сименс, сите осум обвинети се спасиле од затвор со тоа што останале во Германија.
Останувањето во Германија може да донесе потешкотии за извршните лица на компанијата во однос на функционирањето на една мултинационална компанија како Volksvagen. Истите треба да патуваат надвор од земјата, а може при првото излегување од границите на Германија да бидат задржани и уапсени по барање на американските власти.