Дигитална премиера за GENESIS G80 (ФОТОГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Подбрендот на Hyundai- GENESIS, ги објави првите информации за целосно новиот G80, за кој од компаниајта велат дека нуди оптимална комбинација меѓу атлетизам и елеганција, врвна технологија, луксуз и удобност.

Од GENESIS споделуваат дека новиот G80, кој е 125 килограми полесен од својот претходни ветува да понуди уште поголемо пространство за патниците на задните седишта.

Возачот може да смета на исчистена предна табла со интегриран проекциски head-up екран, 12,3-инчна инструмент табла и 14,5-инчен екран за борд инфо-комуникација и мултимедиски систем.

Од GENESIS предвидуваат можност за избор меѓу три мотори за новиот G80, а меѓу нив се: 2.5-литарскиот, четирицилиндричен турбоагрегат со 304 коњски сили, 3.5-литарскиот V6 турбо мотор со 380 коњски сили и 2.2-литарскиот, четирицилиндричен дизел со 210 коњски сили.

https://youtu.be/bsjFVPONQaU

Новиот GENESIS G80 е опремен со поголем број на системи за помош при управување, како што се помош на автопат, адаптациско управување на патување и далечинско паркирање, додека пасивната безбедност е обезбедена со димензионирано купе и 10 безбедносни воздушни перничиња, притоа вклучително и такви меѓу возачот и патникот однапред.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK