Деталите значат квалитет и цена: Фарбање на Bugatti трае повеќе од 700 часа

ОБЈАВЕНО НА:

Потребни се 200 часа само за да се подготви пред да се нанесе боја

Повеќето производители на автомобили користат роботи на нивните склопувачки линии за брзо нанесување боја на автомобилот и на тој начин овозможуваат производство на стотици илјади, ако не и милиони автомобили годишно. Кога станува збор за Bugatti, сепак, такво нешто не може да се случи, а компанијата посветува максимално внимание на бојата, како и секој друг детал.

Тоа е една од причините и зошто Bugatti спаѓа меѓу оние автомобили кои немаат толку големо производство, но и се внимава на детали, и секако скапи. Се што е скапо и вреди.

Целиот процес на бојадисување на Bugatti трае преку 700 часа, за време на кои вработените во компанијата се сигурни дека автомобилот изгледа совршено. Дури и пред да се нанесе каков било слој боја, експертите на Bugatti ги проверуваат панелите за најмали флеки и ги поправаат доколку ги има. Во следната фаза се нанесува прајмер, кој потоа се бруси до максимална мазност.

Потоа се нанесува основната боја, проследена со лак. Откако ќе се исуши лакот, се бруси, по што оваа постапка се повторува три пати. Bugatti го прави ова за да ја подобри заситеноста и длабочината на бојата.

По финалното нанесување на лак, автомобилот се подложува на повторен преглед, при што се забележува и најмало несовпаѓање во бојата на панелите и по потреба се коригира.

Во следниот чекор автомобилот поминува низ таканаречениот „светлосен тунел“, каде бојата се испитува за дополнителни дефекти, гребнатини или слично. Таму поминува низ процес на лепење и полирање, што е и последниот чекор пред автомобилот да му биде предаден на купувачот со најдобрата можна боја.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK