Десет важни правила при купување на добар автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку планирате да купите автомобил без разлика дали тоа ќе биде нов или веќе користен тогаш треба да знаете неколку работи кои би ви помогнале да го одберете најдоброто возило за вас.

Се работи за една од најсериозните инвестиции во животот и потребно е да одделите далеку поголемо внимание од вообичаените 15 минути тест зад воланот.

Овие правила не се многу сложени или оригинални, но ќе бидете изненадени и ќе видите колку многу луѓе ги користат во брзината и од срам.

СЛЕДЕТЕ ГО НИВОТО НА ОПРЕМУВАЊЕ.
Ако тестирате нов автомобил кај дилер побарајте да ви обезбедат максимално блискo возило до нивото на опремување, која подоцна ќе го купите. Вообичаена практика е дилерите да даваат на тестирање врвни модели, кои се преполни со додатоци и потоа одеднаш вашата машина, која е со среден квалитет ќе ве разочара. Евентуално обидете се со проба на моторот кој ќе го купувате бидејќи еден и ист модел може да се почувствува различно во зависност од погонот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ВРАТИТЕ ВНИМАТЕЛНО.
Вратите, а особено кваките можат да ви покажат многу и за квалитетот и за материјатот кој е користен кога станува збор за ново возило, но и за тоа колку била користена и колку е чувана ако е на старо. Едноставно отворете ја и затворете ја вратата неколкупати и погледнете ги празнините. Ако се рамни и вратта се затвора непречено, тогаш сè е в ред.

СЕДНЕТЕ ПОЗАДИ.
Вашето семејство и пријателите ќе седат одзади. Затоа уверете се самите дека просторот е лесно достапен.

НЕ ВОЗЕТЕ САМИ.
Многу дилери ќе ви понудат таква можност да го пробате возилото сами без некој да ви виси на главата. Сепак, за тестирањето е подобро да има и трговец со вас, кој ќе може да ви одговори на сите прашања на кои инаку не би се ни сетиле.

НЕ ЈА СЛЕДЕТЕ МАРШУТАТА НА ТРГОВЕЦОТ.
Тој може да ви предложи траса, која удобно ќе ги покрие недостатоците (на пример без нерамни делови или нагорнини). Подобро пробајте го возилото на патишта по кои после најчесто ќе го возите.

ИСКЛУЧЕТЕ ГО РАДИОТО.
Одредени трговци уште на почетокот на тестот ќе ви го вклучат радиото и ќе ви речат: „Слушнете каков убав звук вади“. Сепак, тоа е само начин да ви го одвлечат вниманието од бучавата која ја прави моторот и возилото целосно. Затоа насочете го сето внимание кон тоа дали купето е доволно изолирано, ако не е тогаш долгите патувања ќе се многу повеќе заморни.

ПРОБАЈТЕ ГО ВОЗИЛОТО НОЌЕ.
Ако сте трпеливи (или доволно педантни), договорете и втор тест и тоа на темно. Проверката на светилките е многу важна, а повеќето луѓе ја прават едвај дури откако зделката е направена и откако е многу доцна за корекции.

ОДЕТЕ ДО СУПЕРМАРКЕТ.
Нема ништо срамно во тоа да напазарувате за време на тест возење и да видите колку багаж возилото реално собира. Да видите и дали задните врати и багажникот се отвораат лесно кога рацете ви се зафатени. Исто така да видите и колку лесна е за паркирање.

ДОГОВОРЕТЕ ДВОДНЕВНО ТЕСТИРАЊЕ.
Повеќето дилери ќе се обидат да ви го остават автомобилот до следниот ден, но ќе ве натераат да си го платите горивото. Тоа ќе ве чини, но при ваков продолжен тест ќе имате можност да забележите нешта кои за пола час нема како да ви остават впечаток.

НЕ СУДЕТЕ СПОРЕД ЦЕНАТА.
Искусните трговци ќе го искористат тест возењет за да ви дадат понуди, идеи за финсирање и друго. Вие љубезно прекинете ги. Сега важно е да се фокусирате на квалитетот на колата бидејќи сето друго е одвлекување на времето. Потоа ќе ви остане доволно време за да зборувате за пари и да се пазарите. Последното е задолжително. Никогаш не купуајте возило со центата која е објавена. Во неа дилерот секогаш предвидува и можни отстапки. Дури и кога станува збор за прашање за барани модели со листа на чекање.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK