Виктор Давидовски влегува во легендите на авто спортот и во македонскиот спорт откако освои бодови и се искачи на подиумот на последната трка од WTCR возена во Саудиска Арабија. Нашиот возач трката ја заврши на второто место, зад неговиот клупски колега Жил Магнус, а пред новиот светски првак Микел Аскона.
Давидовски освои бодови и на првата трка каде беше осмопласиран, а сега отиде чекор напред покажувајќи дека може уште повеќе да покаже н апатеката. Ова е уште еден голем успех за Давидовски кој цела трка зад себе го имаше новокрунисаниот светски првак Микел Аскона, и не му дозволи да го мине.
Со настапот во Саудиска Арабија, нашиот возач испиша нова историја, бидејќи стана првиот Македонец што освоил бодови во WTCR И истовремено се искачил на подиумот. Претходно тој беше првиот Македонец што победил на трка од TCR Europe и го освои Diamond Cup.