Давидовски со бодови и трофеј ја заврши сезоната во TCR Europe

ОБЈАВЕНО НА:

Франко Џиролами, клупскиот другар на нашиот Виктор Давидовски ја освои првата шампионска титула во европскиот шампионата на TCR. Тимот на Comtoyou ја освои титулата во екипна конкуренција, а Виктор Давидовски го одбрани трофејот во Diamond Cup и ја имаше најуспешната сезона во клупската кариера

Аргентинецот Франко Џиролами ја освои титулата во TCR Europe, а со триумф на последната трка во неделата во Барселона „ја запечати“ доминацијата на тимот на Comtoyou Racing каде вози и нашиот Виктор Давидовски. Тимот на Comtoyou Racing ги освои сите титули, возачката, тимска, млад возач и Diamond Cup.

Македонецот во белгискиот тим ја имаше својата најуспешна сезона во кариерата. Заврши на 12 место од 33 возачи колку што се појавија сезонава на стартот на TCR Europe. Тој е првиот и единствен Македонец што триумфирал во TCR Europe откако победи н атрката во Франција на почеток на сеозната. На секој тркачки викенд освојуваше бодови, што е исто така одличен успех

На последната трка во Барселона освои бодови на двете трки, во саботата и неделата. А во неделата имаше одличен резултат беше во Топ-10 освојувајќи го осмото место иако стартуваше од 20 место.
Давидовски сезонава го одбрани трофејот во Diamond Cup со 93 бода предност во однос на Евгениј Леонов. На 13 трки, Давидовски на осум беше најдобро пласиран во конкуренција на Diamond Cup.

Тимот за кој настапува Давидовски уште во квалификациите ја прослави титулата бидејќи Франко Џиролами имаше 89 бодови преднос во однос на Џош Фајлс кој му беше единствен конкурент за титулата. Тоа значеше порелаксирано возење за Џиролами и неговите колеги, и целосно фокусирање на титулата во конкуренција на екипи.
На првата трка победи Џек Јанг, пред Тим Коронел и Франко Џиролами. Тоа значеше и потврда на тимската титула. Давидовски на таа трка освои еден бод.

На последната трка Comtoyou Racing имаше целосна доминација со 1-2-3 појавување на подиумот. Франко Џиролами победи пред Том Коронел и Фредерик Вервиш кој беше ангажиран од тимот само за оваа трка. Одлично возење имаше Давидовски кој од 20 место стигна до осмото за нови бодови и потврда за неговата одлична форма сезонава.

Генерален пласман на возачи
Франко Џиролами – 431 бод
Том Коронел – 316
Џош Фајлс – 285
Исидро Калејас – 275
Ким Гаврилов – 256
Џек Јанг – 246
Никола Балдан – 245
Мајк Халдер – 228
Јаким Галаш – 224
Џон Филипи – 202
Пепе Ориола – 185
Виктор Давидовски – 169
Феличе Јелмини – 156
Мат`O Хомола – 79

Пласман на тимови
Comtoyou Racing – 797 бодови.
Target Competition – 581
Volcano Motorsport – 579
Halder Motorsport – 522
HYUNDAI | Janík Motorsport – 354

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK