Давидовски остана без пласман на Спа – Џиролами продолжува како лидер во TCR Europe

ОБЈАВЕНО НА:

Чехот Јахим Галаш со Hyundai ја постигна својата прва победа во TCR Europe на 2. трка што се возеше на Спа-Франкоршамп во доминантна екипна изведба со неговиот тимски колега Мато Хомола кој заврши како втор пред возачот на Comtoyou Racing, Том Коронел.

Нашиот Виктор Давидовски не ја заврши трката поради инцидент и „блиска средба“ со Џакомо Германди во претпоследниот круг од трката.

Галаш е шестиот победник на трките од шесте трки на TCR Европа досега оваа година што покажува за изедначеност на патеката. Во генерален пласман кај возачи води Франко Џиролами со 205 бода, кој на оваа трка беше четвртопласиран, а неговиот тимски колега Том Коронел е второпласиран со 174 бода.
Давидовски од деветтото сега падна на 12 место во генерален пласман со 87 бода.

На почетокот на последниот круг, имаше драма во последен момент кога Џакомо Германди се обиде да го престигне нашиот возач влегувајќи му од внатрешна страна во свиокна Виктор Давидовски. Двојката имаше контакт и за разлика од возилото на Германди можеше да одвози до целта, сепак Аудито на Давидовски беше потешко оштетено и така трката на македонскиот возач заврши.

Следната трка се вози на 2 јули на Норисринг во Германија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK