Давидовски испишува нова тркачка историја за македонскиот автомобилизам

ОБЈАВЕНО НА:

Откако стана првиот Македонец што победил на трка од TCR Europe и по вторпат ја освои титулата од Daimond Cup, сега Виктор Давидовски испишува нова историја, не само сопствена туку и за македонскиот автомобилизам. Откако неговиот тим Comtoyou Racing ги освои сите титули во TCR Europe, возачката, тимската… сега Давидовски и Франко Џиролами добија шанса да возат и во најпрестижниот FIA WTCR.

На првата трка во Бахреин, нашиот возач еднаш беше 10. а на втората трка го освои 13 место. Тоа беше неговото прво искуство со WTCR. Сега останува уште една шанса да ја подигне границата за макеоднските возачи, можеби со пиедестал и во светското првенство.

Сега Давидовски имаше шанса да вози и трка под рефлектори и утревечер двете трки ќе се возат под силните светла на патеката на која се вози и Формула 1. Според планот првата трка ќе се вози 30 минути (+ 1 круг), а втората 25 минути (+ 1 круг).

Давидовски на последната трка на сезоната во WTCR ќе тргне од 9. место на стартот. Но, на втората трка ќе биде од првиот ред заедно со Унгарецот Атила Таси. Тимот на Cometoyou Racing има шестмина возачи во Саудиска Арабија, меѓу кои и Давидовски.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK