Давидовски има цел во ТЦР Европа: Сезонава сакам подиум

ОБЈАВЕНО НА:

Единствениот Македонец што сезонава ќе вози во TCR Europe, Виктор Давидовски ја почнува својата четврта сезона во најсилното европско натпреварување со туристички автомобили. Првиот предизвик е трката во Словачка, на Словакиа Ринг овој викенд.
Тој вели дека ланската сезона не ја брои како сезона, бидејќи возеше само на две трки, поради неможноста да патува поради пандемијата, но за оваа е подготвен за сите седум трки. И има цел – да се појави на некој подиум.

Лани двапати беше на подиумот како најдобар возач во Yokohama Cup, но тоа е за возачи аматери. Сега посакува да биде ден од „нормален подиум“ како еден од најдобрите тројца на некоја трка. Планирани се седум тркачки викенди, и на секој ќе се возат по две трки. На која би можело да се очекува искачување, и не е толку важно. Вложениот труд треба да се исплати.

„Се надеваме на сериозен подиум. Ќе видиме на која патеката, но, тоа да не биде Јокохама трофејот. Сега се надевам дека ќе успеам да бидам на некоја трка на „вистинскиот подиум“. Сезонава има многу кандидати за победи, за титулата во ТЦР Европа. Според мене најмалку 15 возачи можат тоа да го сторат. Ние планираме да настапиме на сите седум тркачки викенди, и во зависност од патеката и условите ќе се обидеме да ја оствариме целта, вели Давидовски пред првите официјални тренинзи на Словакија Ринг во Словачка.

Македонскиот тим PSS Racing team сезонава ќе има двајца регуларни возачи. Едниот е Виктор Давидовски, а другиот Франко Џиролами од Аргентина. Двајцата ќе возат Honda Civic Type R. Пред почетокот на сезоната Давидовски тестираше на најголемиот дел од патеките, меѓу нив и во Словачка. Тоа е патека што многу не им одговара на возилата на Honda, каква што има и Давидовски.

Давидовски лани двапати беше на пиедесталот како носител на трофејот од Yokohama Cup

„Словачка е доста техничка патека, без тренинг нема што да се бара таму. Без тестирања таму нема да биде лесно. Многумина тука тестираа повеќепати, за да се запознаат. Словачка не им одговара на возилата на Honda, туку тоа се повеќе патеките на Зандворт. Хонда нема брзина на крај на правците, а во прв сектор оваа патека е многу брза. Но, секогаш мораме да се надеваме. Ова е прва трка, сите одиме со отворени карти. Патеката во Словачка првпат ја возиме, Германија е исто така нова во календарот, вели Давидовски.

ИНТЕРВЈУ Виктор Давидовски: ТЦР Европа е како Лига на шампиони а пандемијата не онезвоможи да бидеме уште подобри

Подготовките за сезоната траеја повеќе недели имаше тестирања на патеките во Германија, Холандија, Словачка и Белгија. Требаше уште еден тест да се направи но поради други обврски не успеа да стигне навреме со се. Две недели пред почеток на сезоната се завршува со сите тестирања.

„Сезонава очекувам да бидеме подобри од лани. Имаме и поголема подршка од Honda и од JAS. Има и подобрувања во перформансите на возилото и затоа велам дека ќе бидеме конкурентни. Доста помага тоа што сега сме двајца во тимот, заедно Франко Џиролами. Полесно е кога имаш со кого да споделиш податоци од тестирање, да споделиш искуство од секој свиок,од секое однесување на возилото, објаснува Давидовски.

И четврта сезона Давидовски ќе соработува со Honda. Иако имал и други понуди, сепак искуството што го има со JAS и со Honda воопшто не размислувал. Во ТЦР Европа има пет возила на Honda кои сезонава ќе се натпреваруваат. Новина за сезонава е што наместо гумите Yokohama, сега сите ќе возат со Hankook.

„Во квалификациите за пол позиција овие гуми нудат за 1 секунда поспорти резултати, но е по тврди и на трките сигурно ќе понудат подобри резултати. Сега во Словачка, веројатно во мала предност ќе бидат возилата на Seat и Audi, но тоа ќе се менува со БоП, со ставањето на дополнителни килограми“ вели Давидовски.

Календарот на TCR Europe за 2021 година предвидува седум трки. Се почнува овој викенд во Словачка, а треба да заврши на 10 октомври во Шпанија. Патеките Харама и Золдер испаднаа од календарот, а нови трки се Нирбургринг и Словачка.
* 8-9 мај Словачка
* 28-30 мај Пол Рикар, Франција
* 18-20 јуни Зандворт, Холандија
* 29-31 јули Спа, Белгија
* 3-5 септември Нирбургринг, Германија
* 24-26 септември Монца, Италија
8-10 октомври Барселона, Шпанија

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK