ИНТЕРВЈУ Виктор Давидовски: ТЦР Европа е како Лига на шампиони а пандемијата не онезвоможи да бидеме уште подобри

ОБЈАВЕНО НА:

TCR Europe натпреварувањето е второ по ранг натпреварување со „туристички возила“. Највисокот рангирано е TCR, a ова натпреварување е само во Европа и настапуваат возачи кои зад себе имаат титули, и трки , и победи во регионални натпреварувања во WTCR, различни Куп натпреварувања, Формула 3, FIA GT, и повеќемина кои зад себе имаат многу, многу изминати километри на најтешките тркачки патеки.

Трета година Виктор Давидовски е дел од ТЦР Европа, најсилното европско натпреварување на туристички автомобили. Пандемијата го спречи да патува на поголем дел од трките, па настапи само на две патеки, и на двете освои бодови и двапати се искачи на пиедесталот со трофејот на Јокохама. Со поддршка на JAS и на Honda, првпат имаше шанса да биде речиси рамноправен со сите други светски прваци што настапуваат во ТЦР Европа.

Давидовски е шесткратен македонски првак во периодот од 1998 до 2010 година, зад себе има титула и во првенството на Србија на кружни патеки во периодот од 2011 до 2017 година. Во 2013 година оствари и победа на ФИА ЦЕЗ на ридски патеки во класата Н2000. Во 2017 година вози на 24H Touring Car Endurance Series (SEAT León), а следната 2018 првпат се натпреварува во европската серија на TCR. И лани настапуваше во истата TCR Europe серија со Honda Civic FK7.

Малку недостасуваше сезонава да биде уште подобар. Ја нема улогата на „професионален возач“ кој е целосно под закрилата на некоја фабрика, туку делумно добива помош. За разлика од лани, сега е многу подобар, а очекуваше уште бодови. Поради дефект на пумпата за гориво на неколку свиоци пред целта мораше да се откаже на Монца. Одолеа и на дополнителните килограми што беа ставени возилото како казан бидејќи поради пандемијата не успеа да вози на претходните трки.

Давидовски и неговиот тим на PSS Racing покажаа дека имаат квалитет, им требаат само услови, рамноправни со другите тимови и возачи. Веќе се преговара и за следната 2021 година. Сега веќе нема да има проблеми со патувањата, и тоа ќе биде една од добрите страни, ќе може да настапува на сите трки.

* Зад тебе е уште една сезона во ТЦР Европа и на последната трка на Харама во Шпанија освои бодови и се појави и на подиумот, по вторпат сезонава го освои трофејот на Јокохама?
– Искрено не очекувавме да бидеме на подиумот бидејќи БоП тестот за оваа трка беше лош за Honda, но не извади дождот што се појави. Очекувавме да влеземе во квалификациите Q2, но бидејќи на тренингот имавме суво време ниту една Honda не успеа да се покаже. Најдобрата Honda беше на 13 место па подоле. Да беше суво и во саботата сигурно ќе немаше ниту една Honda во првите 10.

* Првпат возиш на Харама во Шпанија, исто како и многумина со оглед на тоа што оваа патека крај Мадрид исто така првпат е во календарот на ТЦР Европа. Колку е тешко да се вози на патека за која немаш многу претходно искуство?
– Ја тестиравме сите, имавме тест но во петокот. Но многу е тешко кога немаш поголемо искуство на таа патека, кога против себе имаш „професионални возачи“ кои имаат фабричка поддршка и се платени од фабриките и 12 месеци тоа го работат. Кај нас нема многу разбирање што е „професионален возач“. Јас разбирам што тоа значи, бидејќи немав можност три месеци да возач и сега седнувам во автомобил и треба да бидам на ниво со оние што постојано возат. Кога немаш можност да тестираш често треба потоа време да се навикнеш, да видиш колку треба да притиснеш на педалот на гаста на сопирачките. Многу мали се разликите во време, и кај кас за 3,5 десетинки беше разликата дали ќе влеземе во вториот дел од квалификациите.
Во најбрзиот круг бевме најдобри од Honda, потоа во само еден дел загубив доста, и тоа од желба да бидам најдобар. Тоа се тие мали нијанси.

* Поради ограничувањата за патувања сезонава од планираните 6 патеки беше само на 2, возеше на 4 трки и двапати освојуваше бодови. Задоволен си од постигнатото? Очекуваше ли повеќе? Можеше ли реално подобри резултати на некои од трките на кои возеше?
– Можев подобро на Монца, но бев казнет со екстра тежина бидејќи не ги возев првите трки. Ќе ми значеше да имав тимски колега таму како што сега имав. Ќе можевме да „се влечеме меѓусебе“ на правците кога имаш доста заветрина. Во Харама очекував да бидам најбрз од оние што возат Honda, и заостанував само 3 десетинки од најдобриот. Тоа сепак е добро, иако мислам дека можев и подобро. Но, настапивме само на четири трки, на две освоивме бодови, на еднат бевме конкурентни. Тоа е добар напредок во однос на лани.

* На почетокот од пандемијата додека постојано се одложуваа трките, „формата“ ја одржуваше со СИМ трки, возење на симулатор. Колку такво возење помага навистина во подотовките за она што следи на асфалтот?
– На професионален симулатор многу помага. Не само што ги тренираш патеките, и физички се подготвуваш бидејќи силите кои ги има на управивачот, педалите и се во внатрешноста на автомобилот на трка се исти и на симулаторот. За последните две трки ми стигна таков професионален симулатор.Тоа беше препорака од Honda и JAS дека е потребно за да бидеш во форма, да напредуваш ако сакаш да продолжиш да возиш добро.

* Во Италија на патеката Монца исто така имаше две добри трки, на едната имаше и пех пред самата цел што те оневзоможи да освоиш бодови. Како го доживеа тој момент кога се гледаш со најмалку десетина бода на контото и одеднаш сфаќаш дека автомобилот има проблем?
– На Монца на трката ми јави аларм на таблата во возилото уште неколку круга пред крај. Знаев дека имам проблем, и последните кругови почна автомобилот да сецка, и на два свиока пред целта застана. Разочаран сум, но се случува. Откажа пумпата за гориво, и тоа е дел од спорото. Нешто што не зависи од тебе.

* На патеката за ривали имаш возачи со огромно светско искуство, шампиони во многу силни натпреварувања, со титула во своите џебови. Колку беше спремен да се носиш со сета конкуренција, и од што зависи дали можеш да бидеш во борба за бодови, за подиум, за победа?
– За професионален возач решава се, треба да се откажеш од се, да тренираш, да се вложиш целосно. Но, мора и голема поддршка од фабрика. Без тоа не можеш да бидеш конкурентен. Тоа значи заостанување од 2-3 секунди. Сезонава имаме голема поддршка од JAs и Honda. Се надевам дека и в година ќе имам подршка од фабриката, тимски колега и ќе бидеме многу подобри. Треба доста работи да се поклопат, да се има вистинската поддршка.

* Тимот на ПСС Рејсинг за разлика од многу побогатите екипи нема неограничени ресурси. Како во такви услови се подготвувате за трките, логистички, со подготовка на автомобилот, гаража, механичари, тренинзи…
– Тешко е да се бориш со тимови кои имаат голема финансиска поддршка од фабриките. За нас имаме проблем со финансиите, немаме неограничени буџети, но се досиме сосема добро. За разлика од нас, неколку тимови имаат многу „подлабоки џебови“. Годинава имав многу поддршка од JAS и Honda. Верувам дека ќе продолжиме. Од таа поддршка зависи како ќе биде и со подготовката на возилото, механичарите, брзината на реагирање…

* ТЦР Европа е најсилното европско натпреварување во туристички возила, дел од семејството на светската серија на ТЦР. Ова е веќе трета сезона за тебе и се гледа и напредокот. Колку е сега поразлично, потешко, понеизвесно на ТЦР трките?
– Ова сепак не можам да кажам дека е цела сезона, бидејќи бев само на две трки од планираните. Мене ми е полесно, веќе сум влезен во „штос“, ја сфатив суштината, работам на себе. Конкуренцијата е иста, некои доаѓаат, други си одат. Мислевме дека не е фер што доаѓаат возачи од светски серии, иако беше ветено дека во ТЦР Европа нема да има возачи и тимови поддржани од фабиките. Имаме голема подршка, од механичари, логистика и се.

* Многумина незнаат која е разликата меѓу ТЦР Европа и многуте тркачки купови што постојат. Постојат и многу национални ТЦР првенства, но во Европа сепак ТЦР Европа има најмногу трки и најпознати и најквалитетни возачи и со најсилна конкуренција.
– Сакав да возам некоја трка и во некоја друга регионална серија, но немав прилика. Не можам да дадам споредба. Тоа можеби може да го каже Србинот Борковиќ. Лани беше дел од ТЦ Европа, а сега вози во регионално првенство и таму е првак.
ТЦР Европа е како лига на шампиони во фудбал. Не е исто да играш ЛШ или да играш со локални тимови во Италија, Шпанија.. Така полесно може да се опише ТЦР Европа.

* Многумина посакуваат да гледаат трки на кои има повеќе македонски возачи. Очекувате ли да имате „друштво“ во иднина со други возачи?
– Искрено се надевав, почнавме со Иџе заедно, но тие се откажаа поради трошоците, барем така изјавија. Но ќе беше добро да останеше, ќе си помагавме. Се надевам на професионален возач за колега во тимот, бидејќи е полесно кога имаш поддршка.

* ТЦР Европа веќе го објави провизорниот календар за следната 2021 година. Треба да има 8 трки. Постои ли договор со ТЦР Европа и за возење в година?
– Се надеваме, сега нема да имаме проблем со патувањата. Во процедури сме на италијанска лична карта и престојувалиште ќе можеме да патуваме. Се преговара со ТЦР Европа. Без поддршка од JAS и од Honda не би се натпреварувал. Многу е скапо и треба голема логистика.

* Кои се плановите на Давидовски за до крајот на годинава?
– Се зависи од пандемијата. Планираме некој тест со возачите од ТЦР. Ако можам ќе бидат таму би било добро, но поради кандемијата сега многу работи се одложуваат. Можно е и да нема.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK