Ова беше трети триумф за Малинковски сезонава во Првенството на Македонија и со сега е сам на лидерското место во генерален пласман со 62 бода. Утре на Гробник се вози втората трка.
Трката на Гробник од Twingo Cup беше прекината на 4 минути пред крајот по превртувањето на Бојан Шеме, но резултатите постигнати во тој момент се официјални. Победник е Србинот Михајло Младеновиќ пред двајца Словенци, Дејан Робида и Лука Глазер. Ова беше петт трка од Twingo Cup сезонава која истовремено се бодува и за првенството на Македонија.
Во конкуренција на 32 возачи одлична трка извозе нашиот Давид Малинковски кој на крајот стигна како шестопласиран, и беше побендик во бодувањето за Првенството на Македонија. Малинковски стартуваше од 28 место но веќе по првиот круг престигна половина од возачите и дојде до 14 место. Заедно со Владимир Тренески беа единствените Македонци во Топ-10 и таму се држеа до крај на трката.
Во 8. круг Малинковски го престигнува Тренески и лидерот во генерален пласман продолжи како 6. Имаше заостанување во однос на првите петмина но со секој круг таа разлика се намалуваше и пред самиот крај веќе беше во групата што имаше шанса да се бори за пиедестал.
Откако Бојан Шеме се изврте пред самиот влез за боксовите, трката беше прекината а потоа сите се вратија во боксовите. Немаше време за повторен старт, па и резилтатите постигнати во тој момент се прогласени за официјални.
На крајот од трката покрај Давид Малинковски кој стигна до 6. место, се пласираа и Владимир Тренески (8 место), Мартин Костовски (15), Ангелче Стојковски (22), Слободан Трајковски (23), Марко Блажевски (24) и Зоран Мираковски (26).
Погледнете ја целата трка од Twingo Cup на Гробник.