Дали знаете: Како да се пумпаат зимските гуми?

ОБЈАВЕНО НА:

Различните дејствија поврзани со управување и сервисирањето на возилото во зимски услови секогаш се потешки. Тоа исто така важи и за едноставни активности, како пумпање на гумите во текот на зимата. Познато е дека повеќето гасови се намалуваат при ниски температури и го намалуваат својот волумен, а воздухот исто така е гас или поточно смеса од гасови. Оттаму се поставува прашањето како да ги пумпаме гумите на автомобилот во текот на зимата?

Докажано е дека со намалување на температурата за осум степени паѓа со 0,1 бари (10 кПа, 0.1 атмосфери). Ако при температура од +20ºС гумата е напумппана со притисок од 2,4 атмосфери (ова е теоретски показател, како рецепт од производителот) при -20ºС притисокот во гумата ќе падне до 1,9 атмосфери, кое е помалку за 20 проценти од пропишаното од производителот.

Некои ќе речат дека такви температурни разлики има само во нашето новинарско размислување, но не е така. Повеќето простории каде се балансираат и пумпаат гумите се со собна температура, а при зимата двоцифрените минус температури не се реткост. Други, пак, велат дека понискиот притисок во гумите е добар за проодност.

Тоа е така, но само во еден случај и тоа при возење на снег. Во повеќето случаи, дури и кај нас, во зима се вози најчесто при исчистени патишта со меки гуми, што е штетно како за самите зимски гуми така и за безбедното управување на возилото. Управување се влошува, автомобилот станува подложен на странично лизгање, но и потрошувачката на горивото се зголемува.

Заклучокот е следен. Кога ги менувате летните со зимски гуми, побарајте од вулканизерот да ги надуа со 0,2 атмосфери над пропишаното. Така ќе го надоместите намалувањето на гасовите при ниски температури, а во исто врмее тоа нема да влијае на контактната површина на гумата кон асфалтот и оттаму со нејзиното лизгање.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK