Дали се возиме во безбедни автобуси – за четири часа „фатени“ 38 со неисправни сопирачки!

ОБЈАВЕНО НА:

Апелите на користиме јавен превоз и потребата од користење на автобуски превоз на подолги релации некогаш е најбрзиот и најефтин начин на транспорт. Но, кај нас изгледа дека тоа не е најбезбедниот превоз.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.12.2021) во периодот од 12.00 до 16.00 часот министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При направените контроли санкционирани се 63 возачи. При контролата, 53 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, од кои 38 возила имале неисправен уред за запирање. Истите ќе добијат казна за направениот прекршок.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK