Дали ова е првиот албански суперавтомобил? Претставен Illyrian Pure Sport (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Хрватска го доби Rimac, многу земји од регионот претставија амбициозни планови за свој суперавтомобил. Романија, Турција, Србија, Грција, и сега Албанија.

Ќендрим Таќи објави рендер на суперавтомобилот именуван како Illyrian Pure Sport кој би можел да прерасне во првиот албански автомобил.

Овој сон, Ќендрим планира да го оствари преку компанијата Arrera Automobili.

https://youtu.be/TtN2BwCpUoU

Техничките карактеристики говорат дека овој суперавтомобил ќе биде опремен со 6.2 литарски twin-turbo LT2 V8 мотор кој ќе продуцира 850 КС. До стотка ќе забрзува за само 2,7 секунди додека пак максималнатабрзина која ќе може да ја постигне изнесува 375 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK