Daimler ќе мора да плаќа за вградувањето навигација

ОБЈАВЕНО НА:

По неколку години судски спорови на германските судишта, германскиот производител на автомобили Daimler конечно се договори со финскиот гигант Nokia.

Овие две компании се судеа поради тоа што Daimler користеше некои од патентите на Nokia кои се однесуваат на технологија и системи вградени во навигациоскиот, комуникацискиот и системот за автономно возење.

Daimler и Nokia не ги обелоденија условите од договорот за лиценцирање на патентите, но двете компании изразија задоволство од овој договор. “Го поздравуваме овој договор кој од економски аспект ќе значи избегнување на долг спор” изјави портпаролката на Daimler.

Nokia годишно од лиценци остварува приход од над една милијарда евра, а за користење на некои од нив, Audi, Bentley, BMW, Mini, Porsche, Rolls-Royce, Seat, Škoda, Volkswagen и Volvo исплаќаат милиони евра годишно на финската компанија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK