Dacia со ново лого

ОБЈАВЕНО НА:

Сакајќи да го означат почетокот во новата ера од работењето, многу автомобилски производители се одлучија да го променат логото. Последен во низата е романскиот производител Dacia кој го објави новото лого.

Новиот логотип е составен од стилизирани букви “D” и “C” кој треба да прераснат препознатлив дел од идниот идентитет кој ќе се темели на електричната иднина на брендот. И самиот назив е стилизиран со посебен фонт, а наскоро ќе се најде на сите интернет страници на Dacia и дистрибутери ширум светот.

Во контекст на новиот визуелен идентитет, романскиот производител во понудата додава и пет нови бои како што се: темно кафеава, теракота, боја, зелена, светло портокалова како и песок боја.

За потсетување, во последните месеци со целосно ново лого или подобрување на истото, се здобија и Peugeot, Renault, Kia, Volkswagen, BMW…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK