Dacia слави јубилеј – произведе 10 милиони возила

ОБЈАВЕНО НА:

Романскиот автомобилски бренд што е во сопственост на Renault прослави јубилеј – произведени се 10 милиони возила од 1968 година до сега. Јубилеј бил прославен на 20 април во фабриката во Миовени (Романија) каде од производната лента излегол моделот Duster.

Во оваа бројка од 10 милиони најголем дел се Dacia Snadero и Sandero Stepway – 2,6 милиони возила. Потоа следува моделот Dacia 1300 (сите модели), 2,1 милиони возила Dacia Duster и 1,95 милиони возила од моделот Logan i Logan MCV.

Dacia почна со склопување на возила и тоа од моделот Dacia 1100 во август 1968 година. Следната година доаѓа моделот 1300 од што произлегуваат и цело семејство на деривати (седан, караван, спортско купе, ЛЦВ). Останува во производство цели 35 години оставајќи силен белег во автомобилскиот колорит на Романија.

Со превземањето на брендот од страна на Renault во 1999 година почнува ново поглавје во историјата на Dacia. Со промовирањето на моделот Logan во 2004 година, Dacia стана меѓународен производител. Покрај во Романија, брендот има свои погони и во Мароко и во Оран (само за пазарот во Алжир).

Моделите на Dacia се продаваат во 44 земји.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK