Dacia почнува офанзица во Ц-сегментот

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia започнува офанзива во Ц-сегментот и развива сопствен индустриски план кој треба да го поддржи спроведувањето на планот за производство. Презентацијата на новиот модел базиран на концептниот автомобил Bigster е закажана за 2025 година, а ќе се произведува во романската фабрика во Миовени.

За време на презентацијата на стратешкиот план на Renaulution, одржана на 14 јануари 2021 година, Dacia го претстави Bigster – концепт автомобил кој отвора нови можности за обликување на понудата на брендот, особено кога станува збор за C-сегментот.

Верен на духот на брендот Dacia, концептниот автомобил Bigster е робусно и пространо возило долго 4,6 m и на клиентите им нуди сè што очекуваат од C-SUV. Нов модел базиран на концептниот автомобил Bigster треба да се појави во продажба во 2025 година.

Во исто време, Jogger, првиот модел на Dacia од C-сегментот што марката го претстави на Меѓународниот автомобилски саем во Минхен во септември 2021 година, фундаментално ја менува визијата за достапно и разноврсно семејно возило. Достапен во верзии со пет и седум седишта, Jogger совршено ја отелотворува пазарната позиција и духот на брендот Dacia. Ова разноврсно, исклучително пространо и модуларно возило со авантуристички дизајн е и најприфатливиот семеен автомобил на пазарот. Достапен е со бензински и бензинско-гански мотор, а од јануари 2023 година и како хибрид.

Конкурентната и исклучително приспособлива CMF-B платформа е вистинскиот камен-темелник на индустриската стратегија на Dacia.
Фабриките во Романија и Мароко имаат капацитет да произведуваат:
– различни каросерии: лимузини, компакти и теренци од сегментите B и C;
– модели опремени со термички, алтернативни и хибридни мотори, во согласност со постојано менување на прописите;
– возила со погон на две или четири тркала, должина од 4,1 m до 4,6 m.

Фабриката во Миовени, Романија е историска фабрика на брендот, која работи од 1968 година. Денес таа е референтен индустриски комплекс со линија за производство на каросерија, линија за механички компоненти и шасија, леарница и логистичка платформа. Во моментов, фабриката произведува четири модели на брендот: Duster, Sandero Stepway, Logan и Jogger.

Dacia Bigster Concept

Од 2024 година ќе произведува нова генерација на Duster врз основа на CMF-B платформата, а од 2025 година нов модел на Dacia: C-SUV базиран на концептниот автомобил Bigster.

Со цел да се прераспредели товарот помеѓу фабриките на Dacia и со намера да се зајакне офанзивата во сегментот Ц, моделот Jogger, вклучувајќи го и Jogger HYBRID 140, ќе се произведува во мароканската фабрика во Тангер од вториот квартал на 2024 година. .

Фабриката во Тангер започна со работа во 2012 година, а со политиката на нулта емисија на јаглерод и забраната за испуштање индустриски отпадни води, предизвика бран револуција во мароканската автомобилска индустрија. Мароканската фабрика, исто така, произведува автомобили со CMF-B платформа, а најголемиот дел од производството оди во Sandero – најпродаваниот автомобил за приватни купувачи во Европа од 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK