Dacia најави модел со седум седишта за саемот во Минхен

ОБЈАВЕНО НА:

Романскиот бренд кој е под капата на Renault ќе се појави на саемот во Минхен кој ќе се одржи во септември. Dacia ја подготвува светската премиера на моделот чие име уште не е откриено, но е познато дека ќебиде „разновиден семеен автомобил со седум седишта“.

Сигурно ќе биде продукциска верзија на прототипот које беше виден во минатите неколку месеци. Новакот во понудата на Dacia наверојатно ќе го замени Logan караван и моделот Lodgy. Зависно од почетокот на продажбата, тоа би можел да биде првиот модел со новото лого на Dacia претставено пред неколку недели.

Некои шпекулираат дека Dacia на 3 септември ќе го претстави моделот Bigster, поголем СУВ од Ц сегментот над неодамна освежениот Duster. Меѓутоа, иако концептот е претставен на почетокот на годината, продукцискиот модел не се очекува до средината на деценијата.

Од друга страна, претстојниот модел со три реда на седишта најверојатно ќе биде мешавина на кросовер и миниван базиран на најновата генерација на Logan и Sandero. Се очекува дека Dacia ќе го продава со поголем мотор за да биде адекватен за седум лица и поголем багажник.

Dacia во Минхен доаѓа со цела своја понуда, вклучувајќи го и обновениот Duster и електричниот кросовер Spring. Renault исто така ќе ја претстави и продукциската верзија на електричниот кросовер Megane E-Tech, a тоа е сестринскиот модел на Ariyа на Nissan.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK