Dacia ќе ја ограничи максималната брзина на 180 км/ч..

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia и Renault објавија дека максималната брзина на нивните автомобили ќе биде ограничена на 180 км/ч. Колку тоа ќе влијае на купувачите баш и нема информација, ама сигурно е дека многу од моделите на Dacia не се возат со толкава брзина.

Електричните верзии ќе имаат ограничување од 160 км/ч. На годишното собрание на акционери беа претставени плановите за развој на производителите. Покрај постигнувањето на јаглеродна неутралност до 2040 година во Европа и до 2050 година во светот, се покрена и прашањето за безбедноста.

Лука де Мео, извршниот директор на брендот, рече дека брзото возење е одговорно за повеќе од 1/3 од сите несреќи, така што крајно време е да направите нешто околу тоа. Според него ограничувањето на брзината позитивно ќе влијае на безбедноста на патиштата.

Renault во иднина ќе го спречува брзото возење. Вградениот систем на автомобилот, кој користи GPS и систем за препознавање знаци, ќе ја регулира максималната брзина во зависност од делот на патот. Ограничувањето на 30 на час ќе ја намали брзината до стандардната вредност. Системот треба да препознава и остри кривини и опасните места, благодарение на кои исто така нема да има можност за брзо возење. Покрај тоа, Renault ќе има можност да инсталира дигитален монитор кој собира податоци за стилот на возење на возачот. Осигурителните компании подоцна можат да го користат за пресметување на премијата,

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK