Новата генерација на Dacia Sandero имаше одличен почеток на новата година, забележувајќи не само раст на продажбата од 10%, туку и стана најпопуларниот нов автомобил во Европа минатиот месец. Романскиот бренд што е во целосна сопственост на француски Renault станува се популарен во Европа, па дури и во земјите со пробирливи купувачи.
Според JATO Dynamics (од 26 европски пазари), новиот Sandero го завршил јануари година со 17.558 продажби, следен од Peugeot 208 (16.190 единици), Peugeot 2008 (14.563 единици), Volkswagen Golf (14.483) и VW T-Roc (13.668).
Во Топ-10 се уште и: Skoda Octavia (13.395), Renault Clio (12.856), Toyota Yaris Cross (12.456), Ford Puma (12.159) и Toyota Corolla (11.027).
Со зголемување од 34% во продажбата во јануари на 3.598 единици, најпопуларниот европски хибрид на полнење ( PHEV) е Peugeot 3008. Во првите пет најпродавани модели се вклучени и: Volvo XC40 (3.293), BMW Серија 3 (2.870), Ford Kuga (2.854). и BMW X1 (2.257).
Најпродаван целосно електричен автомобил во Европа во јануари беше KIA Niro со 4.049 продадени примероци, а потоа следуваат Renault ZOE (3338), Fiat 500 (3276), Hyundai Kona (3203) и Volkswagen ID.4.
Податоците на JATO Dynamics покажуваат дека продажбата на нови автомобили во Европа во јануари изнесувала 811.332 единици, што е за 2,4% помалку од истиот месец во 2021 година, 28% под 2020 година и рекордно најслабиот јануари, од 1991 година.