Dacia Duster со сериски број 2.000.000 од Романија

ОБЈАВЕНО НА:

Oд компанијата Dacia објавија дека во Миовени во Романија бил произведено возилото со сериски број 2.000.000 на исклучително успешниот СУВ модел на брендот – Duster. Воедно од компанијата велат дека над 93% од склопените автомобили биле брендирани со амблемот на Dacia, додека другите со тој на Renault.

Јубилејниот претставник на Dacia Duster, која беше лансирана во 2020 година и веднаш стана хит понуда на компанијата бил од лимитираната серија со погон со двојно гориво, Duster Avantaj ECO-G 100, со надворешна боја Orange Atacama и дизајниран за клиент од Романија.

Од одделот во Романија на Dacia споделуваат дека Duster е единствениот и непроменлив лидер во сегментот на СУВ автомобилите на локалниот пазар од самото лансирање, како и после воведувањето во продажба на неговата нова генерација во 2017 година.

Дневното производство на моделот, првите 1.000.000 на кои беа склопени во 2016 година е на ниво од 830 единици, додека над 90% од нив се наменети за меѓународните пазари на брендот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK