Dacia Duster добива и верзија за товарање

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот оддел на Dacia објави дека компанијата веќе прифаќа барања за набавка на целосно новата верзија на SUV Duster-Duster Commercial наменетa за оние што имаат сопствен бизнис и им треба возило што може да го товараат, односно да пренесуваат одредени материјали и предмети.

Од Dacia велат дека Duster Commercial нуди уште подобра флексибилност и функционалност како резултат на отстранување на задните седишта и сигурносни појаси, формирање на целосно рамен под во товарниот простор, дополнително затемнување на задните стакла и безбедност на товар.

Како резултат на промените во дизајнот, Dacia Duster Commercial нуди капацитет за оптоварување до 1623 литри, како и капацитет за оптоварување до 503 килограми.

Цената на Dacia Duster е 12.795 фунти, достапна е за нарачка во бензински и дизел верзии, роботизиран EDC автоматски менувач, верзии со погон на четири тркала и друго.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK