Cupra Formentor е последниот автомобил кој се најде на тестот кој е познат како еленски скок, а кој е организиран од шпанскиот магазин за автомобилизам km77.
Целта на овој тест е да се надминат успешно препреките при брзина од 77 км/ч или повеќе. Овој тест не го положија многу автомобили, а меѓу нив и новата генерација на Volkswagen Golf и Audi A3 Sportback, автомобили кој се базирани на истата платформа како и Cupra.
Дали Cupra Formentor успеа успешно да ги надмине препреките погледнете во видеото во продолжение.