Соработката на Citroen со францускиот дизајнер Жан Шарл де Кастелбажак и натаму продолжува. Откако во 2018 година овој дизајнер помогна во дизајнот на C3, а минатата година на C1, сега повторно остави свои белег на уште еден C1.
Кастелбажак ја направи комбинацијата на надворешните бои, а исто така и во внатрешноста каде ги дизајнираше седиштата кои носат ознака JCC+, а се со црно-син штоф.
Од технологијата, овој модел доаѓа со автоматските светла, електрични странични ретровизори, 7 инчи екран на допир, задна паркинг камера, затемнети стакла и хромирани внатрешни рачки на вратите.