Францускиот производител Citroen се пофали дека нивниот најголем SUV модел, C5 Aircross е веќе продаден во 100 илјади примероци.
Со ова овој SUV стана третиот најпродаван модел на Citroen по C3 кој е убедливо прв и SUV верзијата на овој модел, С3 Аircross.
Инаку овој модел иницијално беше создаден за пазарот во Кина. Се појави минатата година, а од септември 2017 до крајот на годината се продаде во 23.000 единици. Францускиот производител од оваа година го продава овој модел и во Европа произведувајќи се при тоа во фабриката на PSA Групацијата во францускиот град Рен.
Во Македонија моделот ја доби наградата СУВ на годината за 2019.