Чешка не е импресионирана од предлогот на Европската унија да забрани за продажба на нови автомобили со бензински и дизелски мотори до 2035 година. Додека многу земји во светот објавуваат планови за забрана на продажба на автомобили со погон на внатрешно согорување во текот на 2030-тите, чешкиот премиер Андреј Бабиш откри дека се противи на овој план.
„Нема да се согласиме со забраната за продажба на автомобили со погон од фосилни горива“, рекол Бабиш за локалниот весник iDnes. „Не е возможно. Тука не можеме да диктираме што зелените фанатици смислија во Европскиот парламент “.
Чешка ќе го преземе ротирачкото претседателство со Европската унија во втората половина на 2022 година и според Бабиш, ќе ја направи предложената тема за забрана на ICE да биде приоритет. Тој додал дека земјата ќе го поддржи воведувањето на инфраструктурата потребна за електрични возила, но нема да го субвенционира производството на ЕВ, пренесува Auto News.
Иако Чешка е релативно мала земја со нешто повеќе од 10 милиони жители, има 16-ти најголем БДП меѓу нациите во Европа и е еден од најголемите светски производители на автомобили по глава на жител. Всушност, автомобилската индустрија учествува со речиси една третина од чешката економија, а компаниите ги вклучуваат Skoda, Toyoa и Hyundai кои произведуваат автомобили во земјата.
Европскиот зелен договор ќе бара просечните емисии на нови возила да се намалат за 55 проценти од нивото на 2021 година до 2030 година. Просечната емисија на штетни гасови потоа ќе треба да се намали за 100 проценти до 2035 година, што значи „сите нови автомобили регистрирани од 2035 година ќе бидат со нулта емисија на штетни гасови,