BYD со нова електрична платформа – ќе може да се вози на батерии над 1.000 км.

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот проблем со електричните возила е опсегот што може да се мине со едно полнење на батеријата. Сите работат на поиздржливи батерии, но за да може тие да се вградат во автомобилот потребно е да има и соодветна платформа што истите ќе може да ги издржи, а притоа да не се зафаќа многу простор и да има и доволно конфор за патниците.

Една од водечките компании во областа на решенија за електрифицирана мобилност, кинеската BYD, ја објави својата целосно нова платформа е-Platform 3.0, која според компанијата ветува значителни предности во однос на ефикасноста, безбедноста, конективноста и целокупната естетика.

Oд BYD исто така коментираaт дека е-Platform 3.0, која гигантот ја демонстрираше за прв пат со развојот на концептот Ocean-X, е модуларна и може да се конфигурира во различни варијанти со што одговара на разновидните и специјализирани очекувања и барања на потрошувачите.

Новата платформа ќе овозможи интеграција на модули за батерии кои ветуваат слободен дострел над 1000 километри.

Без да навлегуваaт во детали за перформансите на батериските ќелии, BYD објави дека интегрираниот систем за полнење овозможува полнење за нов опсег до 150 километри само по 5 минути полнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK