Популарноста на SUV возилата последните години придонесе да многу спортски и луксузни брендови кои никогаш во својата историја немале SUV во понудата да започнат со активности во развојот на ваков вид на возила. Lamborghini, Ferrari, Rolls-Royce, Maserati се само дел од луксузно-спортските брендови кои во својата понуда веќе имаат SUV возило или активно работат на развој на истото.
Поради ова Bugatti поточно Стефан Винкелман, првиот човек на францускиот ултра луксузен бренд, во октомври минатата година ги откри своите немери за воведување на SUV возила, но сега, само неколку месеци подоцна се откажува од своите планови.
Ова Винкелман го потврди во официјално соопштение во кое се презентирани минатогодишните перформанси. Тој во соопштението наведе дека иако времето е сосема погодно, сепак Bugatti нема да лансира SUV модел, а со тоа да се приклучи и на конкурентите. Наместо тоа, Bugatti ќе се фоксуриа на производството на специјални спортски и луксузни автомобили.
Стефан Винкелман сепак најави неколку изненадувања во пресрет на 110 годишнината на францускиот бренд.