Бугарска визија за автомобил што ја менува физиономијата (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Фирмата Sin Cars, која што е во сопственост на поранешниот тркач Росен Даскалов, а е регистрирана во Англија и во Бугарија веќе втора година по ред е на саемот во Женева. На својот штанд има три автомобили. Се работи за тркачкиот Sin R1, како и модулната и хибридната верзија со име Sin S1.

Кај Sin S1 станува збор за автомобил, кој е конструиран на модулна база. Во различните можности за измени, шасијата си останува иста, а сето друго, видот на купето, моторот и ентериерот се по избор на клиентот.

Новиот модел ќе се прави не само во Европа, туку и во САД каде што компанијата Sin Cars е регистрана како сериски производител и може да прави и да продава до 325 возила годишно.

Гамата на Sin S1 е со четири различни варијанти. Првата е со бензин со турбо мотор 2,0 литри (255 коњски сили, 434 Нм). Вториот е со атмосферски мотор од 3,5 литри (365 коњски сили, 570 Нм). Кај првата варијанта класичното забрзување од 0 до 100 км/ч се случува за 2,8 секунди, а кај втората за 2,5 секунди.

Третата варијанта е со хибриден мотор, а кај турбо моторот е уфрлен и електромотор со моќност од 120 коњски сили и акумулатор со капацитет од 24 кВтч. Чертвртата е чисто електрична, само со електромотор, а со едно полнење може да вози 200 километри.

Конфигурацијата на возилото може да се менува во процесот на нејзината експлоатација. Во текот на летото Sin S1 може да биде и кабриолет, а во есента и зимата спорско купе. На пистата тоа ќе биде моќен тркачки автомобил, а после излагањето од неа возило за секојдневна употреба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK