Бугарија подготвува нов закон: Ќе се одземаат возачки до крај на животот!

ОБЈАВЕНО НА:

Според новите правила за сообраќајна безбедност во Бугарија во иднина ќе биде намалена максималната дозволена брзина на патиштата. Причината е што државата се надева дека со секое намалување на брзината се намалуваат и жртвите за 4-5 отсто, сметаат експертите. Исто така ќе се зголемат и казните.

Сега се предлага на патишта од прв степен наместо досегашните 90 км/ч. да се вози со максимална брзина од 80 км/ч., додека низ населените места наместо досегашните 50 км/ч. да се ограничи истото на 30 км/ч.

За да се подобри обуката на новите возачи во иднина при полагање возачки испит наместо 31 час идните возачи ќе треба да земаат 50 часа обука. Ако возачот предизвика несреќа тогаш се предлага веднаш да му биде одземена возчаката дозвола. Сетоа овие мерки се дел од намерите за „0 жртви“, побезбедни патишта и дисциплинирање на возачите.

Има дури и порадикални предлози. Возач што во рок од две години ќе направи три од вкупно седум тешки инциденти да остане без возачка дозвола до крајот на животот. Наскоро ќе почне и јавната расправа за ваквите предлози.

Според новиот предлог ќе скокнат и казните. Наместо досегашните 10 лева (5 евра- најниските кани ќе бидат 30 лева (15 евра). За минување на црвено светло казната ќе биде 150 лева, а истата казна е и за неправилно престигнување, опасен маневар. Ќе има зголемување и на другите видови казни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK