Бројки за Гинис: Поминаа 4100 километри за само 50 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот со блескаво име Violet успеа да се смести во историјата на автомобилите како првиот кој успеал да помине огромна релација, а притоа за патувањето да бидат потрошени само 50 долари. Ова возило поминало дестинација од 4100 километри, а резулатите се импресивни.

Се работи за автомобил изработен од страна на група студенти од Универзитетот „Нов Јужен Велс“ во Австралија. За невообичаеното име придонесува виолетовиот акцент на врвот на каросеријата. Ништо повеќе не може да се каже за дизајнот, а освен тоа се работи за неверојатно ниско возило и аеродринамично. Најголемото внимание, сепак, го привлекуваат сончевите панели, кои го покриваат целото возило.

Тие одговараат за производството на енергија, но има и батерии. Капацитетот не е познат, како и моќноста на електромоторот. За време на тестирањата на патот Violet успеа да помине дестинација од 4100 километри, а расходите изнесуваа 50 долари. Според тоа излегува дека полнењето на батериите чини еден долар на 82 километри. На секои 600 километри електричното превозно средство добивало 20-24 кВтч, што е приближно петпати помалку од Tesla Model 3. Резултатот на Violet ќе биде впишаан во Гинисовата книг на рекорди.

Ова беше трет обид за Австралијанците да влезат во Гинис. Во 2017 година имаа проблеми со задната суспензија, додека во октомври минатата година се запали батеријата. Сега дефинитивно успеаја во намерата и го постигнаа посакуваниот рекорд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK