Брегзит прави проблеми – Продажбата на нови возила во В.Британија паѓа

ОБЈАВЕНО НА:

Пет месеци по ред продажбата на нови автомобили во Велика Британија бележи пад, покажуваат последните податоци поврзани со продажбата во јануари годинава.

Така според податоците објавени од страна на Британското здружение на производители и продавачи на автомобили, во првиот месец годинава се продадени 161,013 нови автомобили што претставува пад од 1.6%.

Неуспешниот договор за Брегзит како и регулативите поврзани со дизелот се најголемата причина за овој пад. Всушност, во јануари продажбата на дизел автомобили забележа пад од 20.3% со што продолжи трендот на пад на дизелот.

Најголем победник излезе Ford кој забележа позитивни продажни резултати, а токму Ford Fiesta и Ford Focus се најдоа на првите две позиции на листата на најпродавани автомобили. Од третата до десеттата позиција се најдоа уште Nissan Qashqai, Volkswagen Golf, Mercedes A Class, Vauxhall Corsa, Kia Sportage, Volkswagen Polo, Toyota Yaris и Mercedes C Class.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK