Брегзит ги остави Британците на цедило – не им важат возачките дозволи

ОБЈАВЕНО НА:

Излезот на Велика Британија од Европската Унија скрати бројни бенефиции на државјаните на Велика Британија. Една од нив е слободното движење на територијата на Европската Унија, а најмногу ги погоди во однос на возачките дозволи и казните.

Со излезот од ЕУ, сега сите државјани на Велика Британија кои претстојуваат во некоја од земјите членки на ЕУ ќе мора да поседуваат и соодветна возачка дозвола односно со Брегзит престанува да важи реципроцитетното важење на возачките дозволи.

Според Гардијан сите оние кои претстојуваат или живеат во Европската Унија, а се од Велика Британија ќе мора да полагаат за возачка дозвола. Таков е случајот во Франција каде Британците ќе треба да полагаат за возачката дозвола, вклучувајќи и теоретски тест. Сето тоа чини 1.800 евра што значи дека покрај времето, Британците ќе мора да инвестираат и пари за да може да седнат зад управувачот во оваа земја.

Со ова околу 3 илјади Британци се приморани да полагаат повторно, а доколку бидат фатени од полицијата како управуваат без соодветна француска дозвола ќе бидат казнети и до 15 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK