Собирањето на стари возила за некого е бизнис за некого едноставно пасија и задоволство. Босанецот Младен Цвитановиќ од Голубиња е познат по тоа што купи воз и го има како туристичка атракција. Но во неговото село, па и во Босна е познат како колекционер на олдтајмери. Тој има 32 регистрирани возила кои се олдтајмери .
Цвитановиќ смета дека олдтајмер е возило што има над 50 години. Најстариот во коленцијата е моделот Renault Primaquatre oд 1936 година. Го добил случајно откако претходно на аукција купил Cadillac што го поседувал Елвис Присли. Но, колекционер од САД му понудил европски олдтајмер и плсу пари само за да го има овој Cadillac.
Меѓу оние примероци што ги има се и Olimpia од 1936 и MG што го поседувал Џорџ Бест познатиот фудбалер на Манчестер јунајтед. Во колекцијата има и модели на Mercedes кои моментално се користат за снимање на филм.
Има и околу 20 возила на VW Beetle кои планира да ги офарба во различна боја и да ги постави низ селото за да бидат атракција.
Но, историјата на Младен е интересна бидејќи истовремено е светски патник. Учествувал во војната во Виетнам, работел на нафтени платформи, боксувал во Норвешка, возел пилот…..